بِفَاطِمَةْ قَدْ صَفَا حَالِي
Со Фатима се прочисти мојата состојба
Mk
Mk
بِفَاطِمَةْ قَدْ صَفَا حَالِي وَنِلْتُ الْمَرَامْ
بِضْعَة مُحَمَّدْ حَبِيبِ اللهْ خَيْرِ الْأَنَامْ
Преку Фатима мојата состојба се прочисти и го достигнав копнежот
Делче од Мухамед, миленикот на Аллах, најдобриот од луѓето
أَعْلَى لَهَا اللهْ قَدْراً فِي الْعُلَا وَالْمَقَامْ
نِعْمَ الْبَتُولْ الْرَّضِيَّةْ نُورْ كُلِّ الْظَّلَامْ
Аллах ѝ го воздигна угледот и положбата во височините
Прекрасна е Чистата и Благословената, светлина во секоја темнина
أُمِّ الْحَسَنْ وَالْحُسَيْنْ أَهْلِ الْمَرْقَى الْعِظَامْ
لَهُمْ عَطَايَا مِنَ الْمَوْلَى كِبَارٌ جِسَامْ
Мајка на Хасан и Хусејн, со велик духовен подем
Ним им припаѓаат дарови од Господарот, величествени и огромни
هُمْ سَادَةَ أَهْلِ الْجِنَانِ الْعَالِيَةْ يَا غُلَامْ
مَنْ حَبَّهُمْ صِدِقْ بَا يِسْكُنْ بِدَارِ الْسَّلَامْ
Тие се првенци на високите рајски градини, о младичу
Кој вистински ги сака, ќе престојува во Домот на мирот
وَمَنْ تَعَلَّقْ بِهِمْ يَظْفَرْ بِنَيْلِ الْمَرَامْ
أَكْرَمْتِ يَا بِضْعَةَ أَحْمَدْ فَانْعَمِي بِالْتَّمَامْ
Кој ќе се приврзе за нив, ќе го постигне својот копнеж
Благородна си, о делче од Ахмед, па потполни ја благодатта
وَامْنَحِي عَبْدَكُمْ فِي الْقُرْبْ أَعْلَى وِسَامْ
نَقُومْ بِحَمِلْ الْرَّيَاتِ الْهُدَ أَحْسَنْ قِيَامْ
Подари му на својот роб највисок чин во близината
Да ги носиме знамињата на упатството на најдобар начин
تَعُمْ دَعْوَتُهْ فِي الْأَكْوَانْ كُلِّ الْأَنَامْ
نِلْبَسْ خِلَعْ إِرْثْ مَا يَصِفْ سَنَاهَا كَلَامْ
Неговиот повик да ги опфати сите суштества во световите
Да ги облечеме одорите на наследството, чиј сјај не се опишува со зборови
يَا نُورْ قَلْبِي وَيَا أُمِّي عَلَيْكِ الْسَّلَامْ
فِي كُلِّ حَالٍ وَشَأْنٍ كُلِّ لَحْظَةْ دَوَامْ
О светлино на моето срце и мајко моја, мир над тебе
Во секоја состојба, прилика и во секој миг вечен
عَلَيْكِ صَلَّى إِلَهِي مَعَ أَبِيكِ الْإِمَامْ
إِمَامْ كُلِّ الْوَرَى فِي كُلِّ خَاصٍّ وَعَامْ
Нека мојот Бог те благослови тебе заедно со татко ти, Имамот
Имамот на сите созданија, на одбраните и на сите луѓе
الْشَّافِعِ الْمُبْتَغَ يَوْمَ الْلِّقَاءْ وَالْزَّهَامْ
يَوْمِ الْمَلَائِكْ تُنَادِي جَمِعْ كُلِّ الْأَنَامْ
Посакуваниот застапник на Денот на средбата и метежот
Денот кога мелеците ќе го повикаат целото човештво
غُضُّوا أَبْصَارَكُمْ تَمُرْ بِنْتِ الْنَّبِيِ بِالْسَّلَامْ
وَنَكِّسُوا رُؤُوسَكُمْ مَا أَعْظَمَهْ وَاللهْ مَقَامْ
Спуштете ги погледите, ќерката на Пратеникот поминува во мир
Наведнете ги главите, о колку е величествена оваа положба
تِذَكَرِينِي مَعَكِ أَعْبُرْ وَمَنْ لَهُ ذِمَامْ
حَاشَاكِ يَا أُمَّنَا تِنْسِينْ هَذَا الْغُلَامْ
Сети се на мене за да преминам со тебе под твоја закрила
Далеку е од тебе, о мајко наша, да го заборавиш овој младич
مَحْسُوبَكُمْ يَرْتَجِيهْ مِنْكُمْ بِهِ الْإِهْتِمَامْ
أَنْتُمْ مَرَامُهْ وَمَقْصُودُهْ وَنِعْمَ الْمَرَامْ
Твојот слуга се надева на твоето внимание
Вие сте неговиот копнеж и цел, а колку прекрасен копнеж е тоа
يَا بِنْتَ طه فُؤَادِي فِي مَحَبَّتِكْ هَامْ
وَاللهْ أَنْتُمْ مُرَادِي فِي الْدُّنَا وَالْقِيَامْ
О ќерко на Та-Ха, моето срце е залудено од љубов кон тебе
Се колнам во Аллах, вие сте мојата цел на овој свет и на Воскресението
وَمَا أَنَا إِلَّا بِكُمْ يَا سَادَتِي يَا كِرَامْ
عَلَيْكِ مَعَ وَالِدِكْ أَزْكَى الْصَّلَاةْ وَالسَّلَامْ
Јас не сум ништо без вас, о мои благородни првенци
Над тебе и твојот родител нека е најчистиот благослов и мир
وَأَهْلِ الْكِسَاءْ وَأَهْلِ بَيْتِهْ عَالِيِّينَ الْمَقَامْ
وَالْصَّحْبْ أَجْمَعْ وَمَنْ عَلَى هُدَاهْ اِسْتَقَامْ
И над Луѓето на наметката и неговото семејство со високи чинови
И над сите сопатници и оние кои се истрајни на патоказот